Мате Римац има големи планови за Rimac-Bugatti
33-годишниот Хрват ќе биде првиот човек во заедничко вложување со Porsche, во кое неговата компанија има мнозински удел
Мате Римаc е навикнат да биде аутсајдер. На автомобилскиот саем во Женева во 2009 година, како дваесет и едногодишен, тој има отидено на штандот на Koenigsegg да се сретне со својот идол, Кристијан Коенигсег. Во тоа време, пред YouTube да биде она што е денес, Римац дури и не знаел како изгледа човекот кој стои зад неговиот омилен бренд, па затоа се приближил до „личноста која изгледала најсериозно“ на штандот и ја запознал. Дванаесет години подоцна, сега триесет и тригодишниот Римац, не само што го достигна нивото на својот омилен Швеѓанец, туку е можеби и далеку пред него. На 5 јули, Rimac Automobili, компанијата која младиот Хрват ја има основано во неговата гаража, објави заедничко вложување со Porsche и ја презеде контролата над Bugatti, францускиот бренд стар 112 години, познат по производството на ултра луксузни хиперавтомобили како што се Veyron и Chiron.
Bugatti традиционално не ги открива резултатите од продажбата, но се знае дека испорачува околу 80 возила годишно. Римац оваа аквизиција во еден разговор со медиумите ја опиша како „отстранување на некои пречки“ од VW, а според условите на договорот, неговата компанија поседува 55 проценти од акциите во Bugatti-Rimac, додека Porsche ги поседува останатите 45 проценти. Претходно оваа година, германскиот производител го зголеми својот удел во хрватската компанија на 24 проценти. Младиот хрватски претприемач ќе го преземе кормилото на Bugatti-Rimac, додека Оливер Блум и Лук Меске од Porsche ќе се приклучат на надзорниот одбор на компанијата. Ова ќе биде голема промена во животниот стил за самиот Римац, бидејќи тој е навикнат да биде оној кој работи зад сцената.
„Влогот станува се поголем“, вели тој. „Сепак, јас не сум некој што оди на сигурно, никогаш, дури ни близу, па ако има некакво конфронтирање помеѓу нашите акционери и поискусните луѓе што влегуваат во компанијата, ќе биде така“.
Ова е првпат контролата на еден бренд под капата на VW да се препушти на друга компанија и толку млада личност. Исто така, сигнализира суптилно раслојување на премиум марките, одвојувајќи ги оние што се сојузнички со Rimac (Porsche и Bugatti) од Audi и Bentley, кои најверојатно ќе продолжат да ги користат електричните компоненти на Volkswagen.
„Ние веќе развиваме работи што ќе се најдат во производствените модели на Porsche“, вели Римац. „Ова не се посебни, туку мејнстрим проекти.“ Имено, хрватската компанија ќе обезбеди EV технологија како што се батерии за производители како Koenigsegg и Pininfarina.
Во моментов, Римац признава дека неговата компанија од 1.000 вработени, по децениско искуство, не е аутсајдер. Porsche само што му плати на Rimac 70 милиони евра, а Nevera, хипер автомобилot вреден 2,4 милиони долари, неодамна го собори светскиот рекорд во трката на четвртина милја или 402 километри во конкуренција на сериски автомобили. Како дел од потфатот на Bugatti-RImac, седиштето на францускиот бренд ќе остане во Молшајм во Франција, а хрватското во Загреб.
„Навистина е интересно кога ќе помислите од каде потекнуваме. Оваа земја никогаш немала автомобилска индустрија “, вели Римац за хрватските медиуми. „Немавме идеја што правиме, а сега нашата технологија наоѓа место во толку многу автомобили. Целата работа на Bugatti е огромна одговорност. Нашите големи потрошувачи на ОЕМ ми рекоа, ако ги зафркнеш работите, следниот ден испраќаме 30 камиони да подигнат се и ти си мртов. Ако се зезате и не го испорачате она што ви треба, се запира и дефинитивно сте мртви.