Масовното производство на електрични возила се уште е неодржливо, велат од BMW
Новата генерација на електричната технологија на BMW ќе чини помалку
И покрај плановите за зголемување на производството на електрични автомобили во блиска иднина, од BMW соопштуваат дека да имаат масовно производство на возила од овој тип до 2020 година, поради реалните технолошки бариери. Германскиот производител вели дека производството на електрични автомобили не е доволно профитабилно за да се оправдаат големи серии, како што е тоа случај со бензинските и дизел моделите. Сепак, зголеменото производство ќе започне со инаугурацијата на новата генерација на електричен погон.
„Сакавме да ја сочекаме петтата генерација, која би требало да биде поефикасна во однос на трошоците“, рече Харалд Кригер. „Ние не сакаме да се шириме со четвртата генерација“.
Причината за оваа одлука е таа што следната генерација на електричен погон од BMW ќе биде многу поефтина за производство од претходните решенија. Кригер неодамна изјави дека петтата генерација на ЕВ платформа претставува „двоцифрена“ предност во однос на процентуалната заштеда.
„Ако сакате да добиете трка, мора да бидете најконкурентни во сегментот, бидејќи спротивно, не можете да го зголемите обемот“, вели тој.
BMW во светот на електричните автомобили за првпат влезе во 2013 година со i3 и оттогаш ја развива оваа технологија. Новиот i8 Roadster е заснован на четвртата генерација на BMW електричната архитектура, кој нуди зголемена автономија од над 40 проценти во однос на претходната верзија, благодарение на унапредените материјали на батеријата и хемијата.
Освен во петтата генерација, BMW инвестира над 100 милиони долари во истражување поврзано со батериски ќелии кои своето место ќе го најдат во шестата генерација на електричниот погон. Баварците во моментов, електрифицирани возила произведуваат во 10 фабрики ширум светот, а повеќето од нив се хибридни. До 2025 година, ќе бидат лансирани 25 електрифицирани автомобили, од кои 12 ќе бидат електрични.
Првиот ќе биде конкурент на Tesla Model 3, BMW i4, по кој следи електричното Mini и електричниот X3. Потоа ќе има уште неколку поделби на подмарката BMW „i“. Компанијата веќе ги има заштитено и регистрирано ознаките од i1 до i9, како и од iX1 до iX9.