BMW започна со есенско освежување на своите модели, а започнува со најмалиот – Серија 1

Малиот хеџбек добил „мала шминка“ со изданието Edition M Sport Shadow пакет на опрема, исто како и пред една година.

BMW 1-Series Edition M Sport Shadow е достапна во верзии со три и пет врати, со погон на задната осовина или xDrive системот на сите четири тркала, а доаѓа како замена за M Sport пакетот.

Како стандарден дел од пакетот, BMW вклучил LED фарови со црна нијанса, LED магленки и затемнети задни светла.

Темната нијанса на автомобилот ја дополнуваат 18-инчни Jet Black алуминиумски фелни, сјајна црна предна решетка со темно хромирани детали на издувните издувни цевки.

BMW 1-Series Edition M Sport Shadow ќе биде достапна од ноември, за кога BMW има најавено и нови верзии на моделите X1 и X2.

Доаѓа новиот sDrive20d со 4-цилиндерски 2.0-литарски турбодизел кој развива 190 КС со погон на предната осовина преку 8-брзински Steptronic автоматик, а на кросоверот му овозможува забрзување до 100 km/h за 7,9 секунди.

За X2 е подготвен xDrive18d со 150 КС, а овој кросовер на дизел погон со 8-брзинскиот Steptronic до стотка забрзува за 9,4 секунди.

BWM за X2 подготвил и други додатоци, како нов пакет на фарови, спортски предни седишта, како и и визуелни детали со нагласена комбинација на сјајна црна боја и хром.