Мала револуција: Прва гума која ќе трае скоро 130 илјади километри! / ВИДЕО
The One ќе обезбеди подобри перформанси на дожд од сегашниот модел како и помала потрошувачка на гориво
Не се само автомобилите предмет на забрзан напредок, дигитализација и слични придобивки, што ги носат новите технологии. Доказ за тоа е новитетот од производителот на гуми Nokian. Финците тврдат дека имаат гума за цела година или сите сезони, наречена The One, која може да помине дури 128.750 километри пред да биде заменета. Како споредба, просекот за „нормалните“ гуми е замена по приближно 65.000 километри.
Како е дојдено до ваков напредок? Користена е нова мешавина во која доминираат арамидни влакна, кои инаку се користат во зимските гуми. Страничните sидови се специјално засилени со овие влакна, а Nokian тврди дека на клиентите ќе им даде нова гума ако некојa од монтираните се оштети од удар на дупка на патот.
The One, според компанијата производител, ќе обезбеди подобри перформанси на дожд од сегашниот модел и помала потрошувачка на гориво. Гумата ќе биде достапна во седум димензии, од 14 до 20 инчи, а од Nokian велaт дека ќе има и пристапна цена.