Рекреативното возило Jayco Embark Luxury обезбедува удобност на вистински дом без компромис

За оние кои уживаат во патувањата, но би сакале својот дом да го понесат со себе каде и да се упатат, компаниите Thor Industries и Spartan Specialty Vehicles конструирале возило кое во вистинска смисла на зборот е дом на тркала.

Во него е сместено се што треба за неговите сопственици да уживаат како во удобноста на својот дом – мултимедијален систем со голем 50-инчен LED HD телевизор и озвучување во дневната соба, 32-инчен LED HD телевизор во спалната соба со брачен кревет, целосно опремена кујна со сите потребни апарати, вклучувајќи голем фрижидер, машина за перење и сушење …

Jayco Embark Luxury е опремен и со бања со туш, мијалник и тоалет, а на возачкото и совозачкото место се поставени две луксузни ротирачки фотељи, кои, кога возилото не е во движење, стануваат дел од мебелот во дневната соба.

Возилото е базирано на шасијата на моделот Spartan K1, а погонот е Cummins дизел агрегат со 360 КС.

Jayco Embark Luxury својата премиера ја имаше на саемот за рекреативни возила во Тампа, Флорида, а неговата почетна цена е 290,000 долари.