![Луксузна куќа на тркала од 300.000 долари / ФОТО+ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/01/Jayco-Embark-Luxury-1.jpg)
Луксузна куќа на тркала од 300.000 долари / ФОТО+ВИДЕО
Рекреативното возило Jayco Embark Luxury обезбедува удобност на вистински дом без компромис
За оние кои уживаат во патувањата, но би сакале својот дом да го понесат со себе каде и да се упатат, компаниите Thor Industries и Spartan Specialty Vehicles конструирале возило кое во вистинска смисла на зборот е дом на тркала.
Во него е сместено се што треба за неговите сопственици да уживаат како во удобноста на својот дом – мултимедијален систем со голем 50-инчен LED HD телевизор и озвучување во дневната соба, 32-инчен LED HD телевизор во спалната соба со брачен кревет, целосно опремена кујна со сите потребни апарати, вклучувајќи голем фрижидер, машина за перење и сушење …
Jayco Embark Luxury е опремен и со бања со туш, мијалник и тоалет, а на возачкото и совозачкото место се поставени две луксузни ротирачки фотељи, кои, кога возилото не е во движење, стануваат дел од мебелот во дневната соба.
Возилото е базирано на шасијата на моделот Spartan K1, а погонот е Cummins дизел агрегат со 360 КС.
Jayco Embark Luxury својата премиера ја имаше на саемот за рекреативни возила во Тампа, Флорида, а неговата почетна цена е 290,000 долари.