Луис Хамилтон ja продаде својата уникатна Pagani Zonda / ФОТО+ВИДЕО
Се претпоставува дека добил понуда која не се одбива
Седумкратниот шампион во Formula 1 својата Zona ја има купено во 2014 година, кога ја платил околу 1,5 милиони фунти. Сепак, иако е еден од најдобрите хиперспортски автомобили, Хамилтон не го користеше премногу болидот на Pagani. Наводно, автомобилот имал помалку од 1000 km во моментот на продажба.
Станува збор за навистина посебна изведба на моделот 760 чиј број може да се изброи на прстите на двете раце. Барем кога станува збор за примероци произведени од нула, а не преработени врз основа на постоечки модели. Автомобилот бил во Монако, а новиот купувач наводно веќе го преселил на Островот, во северозападниот дел на земјата во близина на Манчестер.
Хамилтон можеше да се види зад воланот на Zonda во 2015 година, а автомобилот бил учесник и во мала сообраќајна несреќа.
760LH се придвижува со 7.3-литарски атмосферски AMG мотор. V12 испорачува 760 КС и 780 Nm со совршен звук, а овој е опремен со 6-степен мануелен менувач. Хамилтон има изјавено дека болидот е „ужасен за возење“, но и „модел со најдобар звук“ во неговата колекција.
Хамилтон ќе може да ја лечи „тагата“ по Zonda со една од највпечатливите колекции на автомобили во светот. Покрај најрадикалниот автомобил на денешницата, Mercedes-AMG One, Хамилтон има и два LaFerrari, McLaren P1, Mercedes-AMG GTR, па дури и ѕверот со шест тркала – Mercedes Benz AMG G63 6X6…