„Лежечките полицајци“ причина за голем судски спор во Франција
Овие забавувачи на сообраќајот предизвикуваат многу полемики особено меѓу возачите, а штотуку започна голем судски спор во Франција во кој тие се главна тема
Познати уште и како „Берлински перници“ се состојат од гумени блокови прицврстени на патот. Идејата на овие забавувачи е слободен премин на автобусите од јавниот превоз, службите за итни случаи – комбиња и слични возила, а приватните возила да можат да ги преминуваат со максимум 30 km/h. Овие забавувачи на сообраќајот предизвикуваат многу полемики особено меѓу возачите, а штотуку започна голем сусдски спор во Франција во кој тие се главна тема.
Во Франција, неколку здруженија одлучиле да покренат обвинение против непознат сторител, односно сите оние кои се одговорни за поставување на овие забавувачи на сообраќајот или таканаречени „лежечки полицајци“. Здруженијата проценуваат дека огромно мнозинство од 450.000 „лежечки полицајци“ поставени на француските патишта не ги исполнуваат стандардите, особено во однос на висината. Тие тврдат дека истите ги оштетуваат автомобилите и дека го зголемуваат ризикот од сообраќајни несреќи. Апелот се фокусира на „Берлинските перници“ (на сликата), еден вид гумени забавувачи кои се чести и на нашите патишта (високи се околу 65 mm). Оваа тужба се однесува на повеќе од 150 општини и локални заедници, така што целиот случај го подигнува на многу високо ниво и прилично обемен.
Факт е дека овие забавувачи се лоши за автомобилите ако се поминуваат со неприлагодена брзина, но нели, тоа е и целта за нивно поставување. Сосема е друго прашање нивната стандардизација и правила каде и од кого може да се поставуваат, на што, барем според нас, во нашата земја има уште многу незавршена работа.