Летечкиот џин повторно во игра: Etihad ги враќа во сообраќај пензионираните Airbus А380 модели!
Специфичноста на овие авиони на Etihad се таканаречените резиденции, т.е. луксузни апартмани со три соби
Авиокомпаниите полека ги напуштаат големите четиримоторни патнички авиони и се префрлаат на големи авиони со два мотори. Производството на легендарниот Boeing 747 неодамна престана, а минатата година истата судбина ја доживеа и огромниот Airbus А380. Некои авиокомпании дури привремено ја пензионираа својата флота од овие огромни авиони поради ограничувањата за патување за време на кризата со корона. Но, сега A380 повторно се воведува во употреба од страна на Etihad Airways.
Авиокомпанијата Etihad Airways од Обединетите Арапски Емирати објави дека четири од десетте нејзини задржани Airbus А380 летала ќе бидат повторно воведени на линијата меѓу меѓународниот аеродром Абу Даби и аеродромот Хитроу во Лондон. Првиот А380 повторно ќе влезе во употреба следното лето, а четирите големи „Ербаси“ на авиокомпанијата со седиште во Абу Даби ќе летаат исклучиво на оваа рута.
„Овој потег следи по зголемувањето на побарувачката за воздушен транспорт во нашата мрежа и желбата на клиентите да го вратат едно од највпечатливите искуства на комерцијалното летање“, велат во Etihad.
Инаку, Emirates,, конкурентниот национален превозник, цело време лета со големиот А380 и има 119 авиони во својата флота. Специфичноста на Ербасите на Etihad се таканаречените резиденции, односно луксузни апартмани со три соби. Секој авион има девет резиденции со спална и дневна соба, и секако бања.