Опишан со суперлативи и полн со технолошки напредни решенија, овој модел на автомобилска сцена се појавил во 1989 година

Се разбира, станува збор за Honda NSX, во Америка комерцијализиран под знакот Acura. Aвтомобилот е претставен во 1989 година во Чикаго, но развојот на „спортистот“ од Honda започнал во средината на 1980-тите. Во неговиот развој бил вклучен и легендарниот Аиртон Сена, кој првиот прототип го има оценето како прилично нежен. Овој коментар бил сериозно прифатен во Honda, и тие набрзо ја зголемиле крутоста за 50%.

Наместо агрегат со четири цилиндри како во прототипот, NSX добил 3.0 V6 агрегат, подоцна и 3.2, и бил првиот сериски автомобил направен од алуминиум. Бидејќи станува збор за сериозен „спортист“, со времето погонот стигнал до задната оска, а моторот се поместил.

Со неколку рестилизации и тарга изведба, NSX во производство издржал до 2007 година, а неговиот наследник е претставен дури во 2016 година.