Серискиот примерок, односно првата комерцијална верзија е веќе составена и наскоро ќе му биде предадена на првиот сопственик

Во текот на 2016 година, Aston Martin, со претставување на хиперавтомобил со централно поставен мотор и име AM-RB 001, се обврза да претстави сериска верзија за две години. Тоа не се случи, а купувачите беа принудени да почекаат дури пет години.

Ако се земе во предвид низ што се пројде во меѓувреме овој бренд (финансиска криза, промена на сопственикот како и реорганизација на раководните структури на компанијата, а сето тоа проследено со судски спор со еден од акционерите), добро е што овој проект е доведен до оваа фаза, односно до крај.

Хиперавтомобилот на крајот го доби името Valkyrie и во последните пет години претрпе голем редизајн. Генералниот концепт на возилото, сепак е ист, со имплементација на оригиналната шасија, конструкциски концепт со единица сместена во средината на четирите тркала, хибриден мотор во распоред V12. Сепак, во однос на дизајнот и технологијата, има и сериозни подобрувања. На пример, дури и седиштата во кабината со само две седишта предвидени за нивна инсталација, повеќе се на истото место како во прототипот, туку се поставени на традиционален начин, односно едно до друго.

Инаку, познатиот експерт за оваа проблематика, Адријан Њуи од тимот на Red Bull Racing, е вклучен во процесот на развој на телото од самиот почеток. Oд неодамна, самиот Aston Martin има свој Formula 1 тим. Сепак, соработката со Red Bull во контекст на развој на проектот за хиперавтомобили e завршena.

Valkyrie е придвижуван од уникатен атмосферски 6,5-литарски V12 бензинец развиен во соработка со Cosworth. Може да врти до 11 илјади вртежи на коленестото вратило и да развива околу илјада коњски сили.

Електричниот мотор е вграден во менувачката кутија на седумстепената роботизирана трансмисија потпишан од куќата Ricardo. Максималната моќност на хибридниот систем е монструозни 1.155 коњски сили кои се пренесуваат исклучиво на задните тркала. Електричниот мотор и тракционата батерија се резултат на работата на инженерите вработени во хрватската компанија Rimac, онаа која неодамна се спои со Bugatti. Претходно, тимот на конструктори објави дека хиперавтомобилот од место до „стотка“ ќе забрзува за 2,6 секунди, но конечните податоци поврзани со илустрацијата на динамичките карактеристики на новитетот се уште не се достапни на јавноста.

Процесот на производство на хиперавтомобилот наречен Aston Martin Valkyrie е организиран во посебна фабрика веднаш до седиштето на компанијата лоцирано во Гејдон, каде што се склопуваа претходните модели на хиперавтомобилот, како и сите видови специјални верзии на Aston Martin.

Сериската копија, односно првата комерцијална верзија е веќе составена и наскоро ќе му биде предадена на првиот сопственик. Основното купе ќе се изработи во серија од 150 примероци, додека секој од нив ќе чини по три милиони американски долари.

Покрај овој сет на хиперавтомобили, ќе бидат монтирани и 40 единици со ознака Valkyrie AMR Pro Track. Таа серија возила нема да има никаква помош на електромоторот и ќе чини половина милион американски долари повеќе од хибридната модификација.

Како и да е, и двете верзии се одамна распродадени, а она што сè уште може да се нарача е родстерот Valkyrie Spider. Верзиите со отворен покрив ќе почнат да излегуваат од производните линии некаде кон крајот на 2022 година, а идејата е да содржи вкупно само 85 парчиња.