Lamborghini со нови слики ја најавува премиерата на Countach LPI 800-4 / ФОТО
Со цел одбележување на 50-годишнината од првиот прототип на Countach, Lamborghini наскоро ќе претстави нов модел
Премиерата на модерната интерпретација на легендарниот суперавтомобил со име Countach LPI 800-4 ќе се случи на 15 август во Пебл Бич, САД
А како најава на тоа од Lamborghini објавија уште неколку нови тизер слики, со следната порака:
„Одличните креации се раѓаат од големи традиции. Традиции исполнети со инспиративни приказни, откритија, продори и пресврти, пренесувајќи уникатно наследство. Традиции кои ги прифатиле промените и иновациите. Нашата најнова креација е родена од овие традиции“.
Претпоставката е дека Countach LPI 800-4 ќе се базира на Aventador, а ќе има електрифициран погонски систем од моделот Ѕian. Тоа значи дека ќе има комбинација од 6.5-литарски V12 бензинец и благ хибриден систем од 48V со електричен мотор од 34 КС, погон на сите тркала и 7-брзински менувач со двојна спојка. Комбинираната моќност на Sian е 602 kW / 819 КС, така што автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и достигнува максимални 350 km/h.
Од Lamborghii Countach LPI 800-4 ќе бидат изработени само 112 примероци од кои секој ќе чини околу 3 милиони евра.