Квиз прашање: Дали знаете зошто капаците од резервоарите за гориво се наоѓаат на левата или десната страна?
Производителите на автомобили првенствено размислувале за нивните домашни пазари
Нема стандарди, а причините најчесто биле поврзани со безбедноста. Имено, производителите на автомобили првенствено размислувале за своите домашни пазари. Ако воланот е лево, капачето на резервоарот за гориво е десно. Идејата била да не се полни гориво од страната од каде доаѓа сообраќајот. Исто така, на возачот му е овозможено да излезе од автомобилот без никакви проблеми, бидејќи лево немало пумпи за гориво.
Сегашните прописи налагаат капакот да биде на најширокиот дел од автомобилот, подалеку од зони што се деформираат и што е можно подалеку од жешките делови на издувните гасови или електричните жици. Ова генерално значи дека капакот мора да биде релативно близу до патничкиот простор.
На десна страна се воглавно капаците на европските (освен Обединетото Кралство) и американските производители на автомобили во Европа (освен Обединетото кралство), додека на левата страна се капаците на јапонските автомобили.
Но, ова правило полека исчезнува. Многу брендови се дел од голема меѓународна група, со заеднички платформи и не се размислува многу за оваа форма на практичност. Само помислете на францускиот Renault и јапонскиот Nissan кои тесно соработуваат.
Некои марки немаат правила, така што едно возило има капак лево, а друго десно (Peugeot 208/308).
Ако не знаете на која страна е капакот кога сакате да наполните гориво, погледнете го мерачот за гориво на инструмент таблата. Во скоро сите случаи има стрелка која покажува на која страна е…