За разлика од некои претходни, овој проект на руските ентузијасти многумина веројатно и би го посакале

Русите веќе имаат покажано дека имаат бујна фантазија, но и многу знаење, а сега се одлучиле да направат нешто корисно. Идејата за дом на тркала ја разбрале буквално, па одлучиле да направат нешто налик на кампер.

За почеток, го земале одличното UAZ (UAZ-452) комбе како основа. Моделот има докажана цврстина и 4WD погон, кој може да издржи многу, без оглед на подлогата по која се вози. Моделот брзо е демонтиран, а врз основата е изградена вистинска мала дрвена куќа. А за се да биде со високи стандарди за безбедност, на „куќата“ и била дадена сигнална расвета, бришачи…

Погледнете го видеото во прилог.