Недостатокот на чипови во автомобилската индустрија, несомнено влијае и на пазарот на користени возила

Ако пазарувате, не е добро време. Особено помладите половни автомобили, во Германија стануваат поретки затоа што станаа замена за новите возила, кои стануваат се помалку достапни.

Во август, околу 580.000 автомобили ги промениле сопствениците во Германија. Тоа е за осум проценти помалку отколку во истиот месец минатата година.

Се пооскудната понуда доведува до високи цени. Веб страницата за продажба на користени автомобили Autoscout24 забележа нов рекорд: откако се следи просечната цена на продадените возила за првпат таа надмина 23.000 евра или попрецизно, во август бројката е 23.196 евра – 250 евра над вредноста за јули. Во споредба со претходната година, плусот е 3.000 евра.