Крив е Доналд Трамп, велат од Ford
Ford имаше релативно добра година зад себе и деновиве секој вработен ќе добие чек во износ од 7.600 долари
Но, според производителот, таа бројка ќе била многу повисока ако не бил претседателот Доналд Трамп и неговата политика со царините кои Ford го чинеле дополнителни 750 милиони долари.
Со цел „да ги принуди“ Кина, Мексико и Канада да обезбедат подобри услови за увоз и извоз на стоки, Трамп ги зголеми царинските давачки за увоз на метали за 25% и на увозот на алуминиум за 10%. Овој потег особено го погодил Ford, чиј најпопуларен модел, камионетот F-Series, е изработен исклучиво од алуминиум.
Технички кажано, сите работници организирани преку синдикатот на компанијата оваа година добиле бонус повисок за 100 долари споредено со претходната година, но од компанијата велат дека бројката ќе била поголема за 10% ако не била политиката на Трамп.
Според договорот што Ford го има со UAW (United Automotive Workers или Синдикатот на работници), компанијата е должна да плати бонус од 1.000 долари за секоја милијарда долари од добивката. Ако се одземат горенаведените 750 милиони долари, тогаш бонусот всушност е „само“ 750 долари. Ford во моментов има околу 56.000 работници и повеќето од нив се квалификувани за бонус.
Мора да се напомене дека проблем за Ford не се само царините, туку и големиот број на повлечени за серви возила поради проблем со Takata воздушните перници, па профитот на домашниот пазар изнесувал само „1,9 милијарди долари“.