Не е невообичаено некој да се повлече од функцијата извршен директор на производител на автомобили по само неколку месеци во компанијата

Токму тоа се случи во WinFast, виетнамската марка на електрични автомобили, од каде по рекордно краток престој си замина Мајкл Лошелер, до неодамна прв човек на таа марка. Според официјалното соопштение, германскиот менаџер ја напуштил компанијата „од лични причини“.

Пред виетнамската компанија во која дојде со цел да ја направи глобален бренд, Лошелер работеше за групацијата Volkswagen во Америка, а извесно време помина и на чело на Opel. Неговата изјава по одлуката е дека му посакува среќа на WinFast и дека верува дека ќе стане глобален EV бренд.

Оваа промена доаѓа во многу непријатно време за WinFast. Имено, виетнамскиот бренд треба да претстави дури три новитети на саемот CES во Лас Вегас во јануари. Станува збор за електрични возила кои се наоѓаат во сегментот А, Б и Ц, кои треба да ја комплетираат гамата на оваа марка.

На местото на Лошелер ќе дојде неговиот поранешен колега Ле Ти Ту Туј. Инаку, Мајкл Лошелер беше на оваа позиција помалку од половина година, почнувајќи од јули оваа година.