Крај за „револуционерниот“ Apple iPhone X?
По претставувањето на новите модели на iPhone, Apple ќе го запре производството на телефонот за кој некои мислеа дека ќе донесе револуција на мобилната пазар
Медиумите долго време пишуваа за телефон кој Apple го подготвува за десет-годишнината од лансирањето на првиот iPhone, како и уред кој треба да даде нов голем импулс на мобилниот пазар за компанијата, и покрај цената од илјада долари за основниот модел. Но, ако може да се верува на најпознатиот аналитичар кој го следи Apple и кој има одлични извори запознаени со ситуацијата во оваа компанија, Минг Чи Куо, се чини дека оваа компанија во втората половина од годината ќе се запре производството на iPhone X и ќе се посвети на нови модели. Apple секоја година во септември претставува нови модели на паметни телефони, но на пазарот ги задржуваат и постарите модели кои се продаваат по поевтина цена – со iPhone Х тоа нема да биде случај, напротив, само една година „револуционерниот телефон“ ќе замине во пензија.
Една од причините за престанок на производството на овој телефон е кинескиот пазар на кој се популарни мобилни телефони со голем екран, но според информациите на Куо, моделот X не привлекол многу внимание, бидејќи на корисниците во Кина, наводно, им пречи горниот дел од телефонот каде што се наоѓаат камери и сензори и заземаат премногу голем дел од самиот екран. Наместо десетката, Кинезите претпочитаат iPhone 7 Plus кој е најдобро продаван телефон на Apple во Кина и, генерално, еден од најпопуларните модели во земјата. Во оваа компанија се плашат дека поевтин iPhone X може да влијае на намалување на продажбата на новите модели кои ќе бидат претставени во септември, а поевтина цена може да има негативно влијание врз вредноста на брендот и телефонот бидејќи станува збор за уред кој доаѓа со напредни опции.
Досегашните гласини велеа дека во септември од оваа компанија, може да се очекуваат три нови модели, два со OLED екран и еден со класичен LCD екран – еден уред ќе биде наследник на моделот Х и ќе има OLED екран од 5,8 инчи, неговиот Plus модел треба да има OLED екран и дијагонала од дури 6,5 инчи, додека уредот со LCD екран треба да има дијагонала на екран од 6,1 инчи.
Што се однесува до бизнис резултатите од работењето и продажбата на iPhone за оваа година, Минг Чи Куо вели дека Apple може да очекува зголемување од пет проценти во првата половина од годината, додека растот за целата година треба да изнесува десет отсто, најмногу на крилјата на продажбата на нови модели на iPhone, кој Тим Кук и тимот ќе ги лансираат во септември оваа година.