Проектот, кој го започнаа Ричард Хамонд, Џејмс Меј и Џереми Кларксон, официјално е суспендиран

Познатото трио, кое се прослави во Top Gear и продолжи да работи на Grand Tour, пред пет години основаше свој портал/социјална мрежа за автомобилизам и сите други поврзани активности. Целата приказна е дизајнирана да им даде простор на корисниците на порталот самостојно да креираат материјал и да го споделат со другите членови на веб-страницата.

Идејата беше, во суштина, добра, но сето тоа заврши откако започна корона пандемијата. Хамонд, Меј и Кларксон наведуваат дека поради последиците од пандемијата, како и недостигот на микрочипови, буџетот за маркетинг на производителите на автомобили е намален, поради што приходите драстично паднале…

„Разочарани сме што можностите во индустријата, потпомогнати од пандемијата, создадоа невозможни услови за продолжување на опстанокот на бизнисот во неговата сегашна форма. Со големо возбудување чекам да видам во каква неволја ќе западнат Хамонд и неговиот тим, кои ќе продолжат да ги водат профилите на социјалните мрежи“, напиша Џереми Кларксон.

Тоа всушност значи дека DriveTribe нема целосно да исчезне. Тие ќе продолжат да постојат на социјалните мрежи, пред се Јутјуб и Инстаграм, каде минатата година имаа огромен број „реакции“ на публиката.

Разликата е што сега со се ќе управува Ричард Хамонд, придружуван од познати личности од каналот на YouTube – DriveTribe. Хамонд веќе најави дека одвреме-навреме ќе биде придружуван од Џејмс Меј.

„Возбуден сум што имам можност да одржувам врска со нашата фантастична заедница“, напиша Хамонд, кој веќе започна да управува со тимот кој стои зад DriveTribe на социјалните мрежи.

Уште повеќе, тие го објавија и првото видео како дел од „новиот почеток“, кое можете да го погледнете подоле.