Крај за Mercedes-AMG SL 63
Уште еден моќен автомобил заминува во пензија, а наследник сеуште нема
За моделот SL 63, Mercedes ќе прима нарачки до крајот на мај, по што потенцијалните купувачи на овој модел ќе мора да се задоволат со она што ќе може да се најде кај дилерите, потврди германскиот производител.
Иако некои модели со големи и моќни мотори се „гасат“ поради построгите стандарди за емисија во Европа, тоа не е случај со Mercedes SL 63.
Имено, како што велат од компанијата, овој автомобил стигнал до крајот на планираниот животен век.
Портпаролот на Mercedes вели дека следната генерација на SL е во фаза на развој, но сé уште не е јасно кога овој автомобил ќе биде подготвен за производство.
Се претпоставува дека следниот Mercedes SL ќе ја дели платформата со втората генерација на семејството Mercedes AMG GT, а сегашниот тврд подвижен покрив може да биде заменет со платно.
Шпекулациите уште велат дека во SL 63 верзијата постоечкиот 5.5 V8 мотор треба да биде заменет со, 4.0 twin-turbo V8 со над 600 КС.