Крај на маките со странично паркирање?! Ова е новиот систем кој го олеснува целиот маневар! / ВИДЕО
Технологијата EasyTurn на ZF е нов дизајн на предната суспензија што им овозможува на предните тркала да се вртат до 80 степени, што е големо подобрување во однос на вообичаените 35 степени
Во стандардна суспензија, летвата на управувачот се поврзува директно со зглобот на воланот, но суспензијата EasyTurn на ZF додава две дополнителни врски помеѓу спојката и зглобот. Така, наместо директна, цврста врска помеѓу кормилото и тркалото, овој систем создава врска во форма на буквата Z со два зглоба, што овозможува далеку поголем агол.
Сепак, оваа технологија не е погодна за сите автомобили. Додадените компоненти за управување создаваат проблеми со инсталацијата за повеќето возила со преден мотор. Но се чини дека работи многу добро кај автомобили со заден мотор и погон на задните тркала, како што е Porsche 911. За демонстрација на ZF, EasyTurn бил инсталиран во BMW i3.
Така, има доволно простор во предниот дел за да се сместат дополнителни компоненти и е овозможен аголот на ротација. Електричните автомобили најверојатно ќе имаат најголема корист од оваа технологија, бидејќи дури и електричните возила со погон на сите тркала имаат повеќе простор напред отколку автомобилите со преден мотор.