Катализаторите од просечен автомобил на црниот пазар се продаваат од 600 до 700 евра

САД, како и многу други земји, страдаат од бран кражби на катализатори кои содржат многу вредни материјали како што се паладиум, родиум и платина вградени во конверторот за задржување на штетните честички од издувните гасови.

Ризикот очигледно се исплати поради профитот, кој воопшто не е мал, особено ако се оди на „количина“: додека кај нас катализаторите од просечниот автомобил се продаваат на црниот пазар од 600 до 7000 евра, во САД, на пример, украдените катализатори достигнуваат 1600 и до 2750 долари, во зависност од моделот на автомобилот од кој се украдени.

Досега во САД „паднале“ бројни групи на крадци, а во магацините се пронајдени стотици катализатори. Колку крадците се воизграни за оваа работа можеби најдобар показател е видеото во прилог.