Јапонската Honda се подготвува за напад на брзинскиот рекорд кога станува збор за косилки за трева

Пред шест години, Honda направи исклучително брза косилка со мотор од 1.0-литар кој развива 109 КС и достигна рекордни 187 km/h.

Овој рекорд на Honda и беше „одземен“ од Норвежаните, кои во Viking/STIHL поставија американски осум-цилиндерски агрегат од Chevrolet Corvette C6, што тогаш овозможи брзина од 215 km/h!

Сега, Honda подготвува одговор и напад на нов рекорд за Гинис.

Компанијата погонот го позајмила од мотоциклот Honda Fireblade SP. Со него, косилката на Honda развива 192 КС и 155 Nm, а Јапонците предвидуваат дека ќе ја надминат и брзината од 240 km / h!

Иако ќе биде побрза од многу модерни автомобили, косилката на Honda ќе продолжи да поседува сè што нуди една стандардната машина за косење трева.

Honda ќе се обиде да го скрши овој рекорд со поранешниот британски шампион во картинг, Џесика Хокинс.