Министрите за енергетика на земјите членки на Европската унија го одобрија законот според кој од 2035 година ќе биде стопирана продажбата на автомобили со емисија на јаглерод диоксид (CO2) во рамките на Европската унија, откако Германија доби изземање за автомобилите кои користат е-горива

Според Reuters, новите автомобили кои ќе се продаваат по 2035 година мора да имаат нула емисија на CO2, а оние кои ќе се продаваат од 2030 до 2035 година мора да имаат најмалку 55 отсто помали емисии од оние од 2021 година.

Дополнително, Европската комисија се обврза да предложи дополнителни правила кои овозможуваат континуирана продажба на нови автомобили со внатрешно согорување кои ќе користат таканаречени е-горива по 2035 година.

Ferrari го поздравi компромисот на ЕУ за е-горивата

 

Откако се дозна дека претставниците на ЕУ и германскиот „блок“ се договориле автомобилите со класичен погон и по 2035 година да се продаваат на територијата на Европската унија, во Ferrari се презадоволни од исходот.

Ова се потврдува и со изјавата на генералниот директор Бенедето Виња за Reuters. 

„Ова е добра вест за нас како компанија, дека покрај електричните автомобили ќе можеме да продолжиме и со оние со внатрешно согорување. Ferrari, познат по своите моќни бензински мотори, веќе произведува хибриди, најавува целосно електрични модели и план до 2030 година да биде електрифициранa 80% од гамата. Како и да е, љубителите на италијанската марка сигурно и по 2035 година ќе сакаат класични мотори, па преминувањето на е-горива ќе им го овозможи тоа“.

Виња вели дека плановите на Ferrari во однос на развојот на технологија и инвестиции нема да се променат, но дека се задоволни со тоа што во наредните децении ќе можат да им понудат на клиентите три опции за возење: електрична, хибридна и класична.