Јапонскиот производител ќе претстави електричен прототип во октомври на Саемот за автомобили во Токио

Според портпаролот на Mazda, на саемот ќе бидат изложени неколку копии од прототипот, кои ќе бидат на располагање на посетителите за пробно возење. Овие електрични автомобили ќе бидат „спакувани“ во каросеријата на компактниот кросовер CX-30, но со електричен погон.

Mazda тврди дека ова не е само електрична верзија на CX-30, туку механички сосема нов автомобил чија врска со CX-30 е само надворешниот изглед.

Според неофицијални информации, возилата што ќе бидат изложени на Саемот за автомобили во Токио ќе бидат опремени со батерии од 35,5 kWh,  а погон ќе се користи електричен мотор со излезна моќност од 142 КС и 264 Nm.

Засега не се зборува за автономијата на овој електричен прототип, но со оглед на скромниот капацитет на батеријата, се претпоставува дека радиусот на патување ќе биде помеѓу 160 и 240 километри.

Според AutoNews, идниот продукциски модел ќе биде достапен во чисто електрична варијанта, но и опционално со мал бензински мотор кој нема да служи за возење, туку само како генератор на енергија за продолжување на автономијата на возењето.

Првата верзија главно ќе биде насочена кон продажба на пазари како Јапонија, Кина и Европа, додека втората е наменета за САД, каде од клиентите има побарувачка за поголема автономија.

Постојат шпекулации дека малиот бензин за дополнување на батериите со електрична енергија би можел да биде новиот ротационен мотор на кој Mаzda наводно работи во последните години.

Првата електрична Mazda на пазарот се очекува во 2020 година.