Колона од 55 автономни SUV возила за нов Гинисов рекорд / ВИДЕО
Колоната броела 56 возила, но еден е дисквалификуван кога човекот зад воланот го фатил воланот во раце
Компанијата Changan Automobile од Кина во една линија наредила 55 автономни возила, со што поставила нов рекорд на Гинис за најдолга светска парада на самовозечки возила
Настанот, за кој дури сега пишуваат светските медиуми, е одржан во ноември минатата година во тест центарот во Changan во Чонгчинг во Кина. Црвените SUV возила, патот долг три километри го минале за само 9 минути, движејќи се со брзина од 30 km/h, со прилично мало растојание помеѓу возилата. Ова е направено со намера, бидејќи Гинис во извештајот навел неколку специјални промени во автономната технологија за возење. Поконкретно, инженерите на Changan ја сетирале граничната детекција на сензорите на возилата, за на истите да им се обезбеди подобра позиција во колонат, односно движење во поблиска формација.
Сепак, во секое возило имало по едно лице зад воланот, подготвено, ако е потребно, да ја запре „апокалипсата“. Всушност, еден и го сторил тоа, но причините останале непознати. Затоа, оваа SUV единица е дисквалификувана, а останатите 55 ја завршија работата.
Флотата на кинеските SUV модели се вклопува совршено до ниво 3 на технологијата за автономно возење, иако ситуацијата била строго контролирана. Ако не ви е познато, ниво 4 е дефиниција за можност возилото самостојно да се движи во секакви ислови, а ниво 5, се разбира, значи целосна роботизација на возилото.