Колку се доверливи кинеските автомобили?
JD Power ги истражувал моделите на најголемиот светски пазар
Кинеските автомобили заземаат сè повеќе простор од глобалниот пазар, поради што реномираната консултантска агенција JD Power се обидела да одговори на прашањето: „Колку се доверливи автомобилите произведени во најнаселената држава во светот?“ Ова рангирање вклучува и модели на странски компании кои се произведуваат во Кина.
Рангирањето е направено со употреба на традиционалниот метод на компанијата – анкета помеѓу сопствениците и автомобили. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 33.000 луѓе кои купиле локално произведени автомобили во минатата година. На списокот се вклучени 67 брендови со повеќе од 250 модели. Главниот индикатор е бројот на поплаки на 100 возила во просек.
Главниот заклучок на студијата е дека во текот на изминатата година, довербата во кинеските автомобили е зголемена за 10%. Просекот е 95 поплаки на 100 автомобили, што е намалување од пред неколку години. Најголемото подобрување е во квалитетот на ентериерот, седиштата и мултимедијата, кај 52 кинески марки од вкупно 67.
Интересно е што резултатот на кинеските брендови е повисок од просекот – нивниот квалитет се зголемил за 12%, а единствената категорија во која се зголемува бројот на поплаки е гамата на мотори. Сепак, разликата во доверливоста помеѓу кинеските и странските брендови е намалена, а вкупниот победник овде е Kia. Веднаш по неа следуваат Mini, Hyundai, Honda и Jeep. Најдобриот премиум бренд е Audi, додека најнадежниот, „незјин син“ кинески е Трампчи.
Кај моделите лидер е Lexus RX, пред Mercedes-Benz E-Class, Porsche Cayenne, Toyota Land Cruiser Prado и Honda Accord, кои се изработуваат во Кина. Од локалното производство во различни сегменти лидери се Baojun 730, Changan Eado XT, Chery Tiggo 3x, WEY VV6 и Geely GC9.