Колку е просечната старост на возилата во ЕУ, а колку кај нас?
Просечната старост на патничките автомобили на патиштата на Европската унија е 10,8 години
Податоците за староста на возниот парк на земјите-членки на ЕУ се разликуваат многу од земја до земја. Сепак, како по правило, жителите на Источна Европа возат постари автомобили отколку возачите од земјите на западниот дел на континентот, според бројките објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Сосема логично, кога се знае дека животниот стандард во овој дел од Европа е многу повисок
„Најмлади“ автомобили управуваат жителите на Луксембург. Просечната возраст на возниот парк во таа земја е само 6,4 години. Со оглед на податоците собрани од АЦЕА од 2018 година, Велика Британија е исто така на списокот на земји-членки. Оваа земја е на второ место според просекот на возниот парк – просечната старост на автомобилите на нивните патишта е 8 години. Следат Австрија со 8,2 години, потоа Ирска со 8,4 години и Данска со 8,8 години.
Интересно е што просечната старост на автомобилите во Германија е 9,5 години, така што излегува дека Германците возат постари автомобили од Белгијците (9,0) и Французите (9,0).
Што се однесува до земјите кои потекнуваат од поранешна Југославија, возниот парк на Словенците е во просек 10,1 години, на Хрватите стари 12,6 години, на Србите повеќе од 17 години… Меѓу оние земји каде се возат најстари автомобили по патиштата на земјите од Источна Европа се Литванија (16,9 години), Естонија (16,7 години) и Романија (16,3 години). Дури ни Грците не можат да се пофалат со млада флота, имајќи предвид дека просечната старост на автомобилите во таа земја е дури 15,7 години.
Каде е тука Македонија? Очигледно на дното. Просечната старост на автомобилите во Македонија во 2019 била 19,3 години што е влошување во поглед на 2018 година. Во 2018 просечната старост на овој тип на возила била 19,1 година.