Mercedes AMG ги објави цените и ја отвори можноста за резервација на своето луксузно купе со 4-врати GT 4-Door Coupe

Одговорот на Mercedes AMG на Porsche Panamera доаѓа во верзии GT4 63 и GT4 63 S, а подоцна ќе му се придружи и малку послабиот и поевтин GT4 53.

Основниот модел GT4 63 во Германија чини 150.118 евра, а за помоќен GT4 63 S потребно е да се одвојат 167.016 евра.

Клиентите кои сакаат GT 63 S Edition 1, од кој ќе бидат произведени само 12 примероци, ќе мора да платат до 185.342 евра.

Ова е значително повисока цена од Mercedes AMG S63 (161.423), AMG SL63 (162.316) и AMG GT R Coupe (166.659).

Најскапиот и најмоќен Mercedes-Benz AMG GT4 4-Door Coupe го придвижува 4.0-литарски V8 со 639 КС и 900 Nm вртежен момент поврзан со автоматски менувач со девет брзини.

Забрзувањето од 0-100 km/h е 3,2 секунди, а максималната брзина е 315 km/h.