Колку чини новата BMW Серија 8?
BMW минатиот викенд го претстави најлуксузното купе во својата понуда, а само неколку дена подоцна ги објави цените на овој модел за Германија
Моделот на почетокот ќе биде достапен во две верзии – со 840d дизел мотор и бензински M850, а двете варијанти се опремени со xDrive 4WD.
Кога оваа есен ќе влезе во продажба на германскиот пазар, BMW 840d ќе има почетна цена од „само“ 100.000 евра, додека M850 ќе чини една четвртина повеќе, 125,700 евра.
Како потсетување дека дизел моторот е придвижуван од 3.0-литарски 6-цилиндерски твин-турбо мотор со 320 КС (235 kW) и 680 Nm, што овозможува забрзување до стотка за 4,9 секунди.
Моќниот BMW xDrive M850 користи нов 4.4-литарски твин-турбо V8 мотор кој испорачува 530 КС (390 kW) и 750 Nm, а од 0-100 km/h забрзува за само 3,7 секунди.
Двата мотори се впарени со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка.
Меѓу дополнителните опции се M Sport пакетот за M850, кој чини дополнителни 5.550 евра, додека доплатата за пакетот M Technic Sport е 4100 евра.
Од опциите тука е и пакетот елементи од јаглеродни влакна, за кои треба од џебот да се извлечат уште 4.100 евра, и тоа без покривот од јаглеродни влакна, кој чини дополнителни 3.000 евра.