Колку брзо треба да се возите со кабриолет ако ве фати дожд? / ВИДЕО
Да се фати дожд кога се возите со кабриолет и спуштен покрив можеби и не е најлошото нешто што може да ви се случи, но секако дека е непријатно
Се разбира, можете да застанете или да забавите до брзина со која е можно да се подигне покривот и брзо да го решите овој проблем, но исто така е можно да се избере и позабавно решение.
Така барем велат од DriveTribe каде се запрашале која е неопходната брзина за возење, а да се остане сув во кабриолет додека се возите по дожд.
Во приложеното видео, водителот низ анализата прво нè запознава со два начини на струење на воздухот (флуидот) спрема патеката на струење – ламинарен и турбулентен режим на струење. Кај ламинарното струење, сите честички во ист слој на флуидот имаат иста брзина, односно сите слоеви на флуидот се движат паралелно и флуидот нужно се движи полека.
Кога брзината се зголемува, слоевите се мешаат и струењето станува турбулентно. Воздушниот слој кој доаѓа во допир со површината на автомобилот се нарекува граничен слој. Врвот на рамката на шофершајбната, каде што каросеријата нагло се прекинува, се нарекува точка на раздвојување.
Во тој момент, воздухот станува многу турбулентен, а со поголема брзина на возилото се зголемува површината на турбулентниот воздух над патничкиот простор. Колку побрзо се возите овој воздух побрзо струи над автомобилот и расте граничниот слој, кој потоа дејствува како воздушна кабаница која спречува дождот да стигне до патничкиот простор.
Водителот потоа објаснува дека брзината со која мора да се возите за да останете суви зависи од обликот на автомобилот, поточно од аголот под кој е поставена шофершајбната.
Автомобилите, како што е Mazda MX-5, кои имаат повертикално ветробранско стакло, можат да генерираат доволно турбуленции за да го одбијат дождот и со пониски брзини, околу 70 до 75 km/h. Од друга страна, автомобилите со ветробранско стакло поставено под поголем агол или поспуштено према возачот, како што е на пример кај Ferrari Portofino, мораат да се движат побрзо за да го постигнат истиот ефект.
Погледнете го видеото.