Кои земји се најпогодни за патување со автомобил
Прва во класификацијата е Италија, а Латвија и Норвешка се победници на листата за најевтино и најбезбедно патување
Познатата британска компанија Veygo специјализирана за осигурување на моторни возила и рент а кар, спровела истражување и направила рангирање на најдобрите земји во светот за патување со автомобил. Во предвид биле земени многу критериуми – квалитет на коловозот, присуство на добар мобилен интернет, цена на горивата и двонеделно изнајмување на автомобил, пејзажите околу патиштата и целокупната безбедност на патиштата (вклучувајќи смртност на 100.000 луѓе).
Квалитетот и нивото на сите индикатори се оценувани на скала од 100 степени. Изненадувачки, меѓу сите 41 познати економски развиени земји, ниту една не освоила максимални бодови.
Според сите оценувани критериуми, Италија е најпријатна земја за патување со автомобил денес. Од крајбрежните рибарски села до снежните планини со своите огледални езера, таа има толку високо квалитетна и практична патна инфраструктура што го презема приматот пред доста поразвиени економии. Топ 10 ги надополнуваат САД, Јапонија, Шпанија, Канада, Австралија, ОАЕ, Германија, Франција и Мексико.
Патем, влегувањето на Мексико во првите десет, исто така, изгледа сосема изненадувачки. Сепак, земјата е меѓу првите десет главно поради ниските цени на горивото, изнајмувањето на автомобили и одличните услови на патиштата.
Интересно е дека најевтините земји за патување со автомобили се наоѓаат во Европа. И овде победникот е изненадување – Латвија. Токму таа земја како комбинација на цените за изнајмување на автомобили, на горивото, на хотелите, убавината на пејзажот, архитектура и квалитетот на патната инфраструктура нуди најдобри услови. Потоа следат Литванија, Турција, Полска и Словачка.
Од гледна точка безбедност на патиштата оценувањето е вршено по неколку критериуми – квалитетот на коловозот, општата состојба на патната инфраструктура, однесувањето на учесниците во сообраќајот и смртноста од сообраќајни несреќи.
Петте победници во ова рангирање се интересни, бидејќи Германија и Јапонија, кои треба да бидат познати по нивната безбедност на патиштата, не се меѓу нив. „Најризични“ се пет европски земји. Две од нив се скандинавски – Норвешка (прва) и Шведска (трета). Второто место е за Швајцарија, а на четвртата и петтата позиција се соодветно Велика Британија и Холандија.