Непрофитната организација Consumer Reports од САД анализирала на примерок од 500.000 возачи кои се најсигурните автомобили во САД

Што се однесува до листата на најсигурни и најнесигурни индивидуални модели, во првата група се истакнале Mazda MX-5, MINI Countriman, Volkswagen Golf и Tiguan, додека „озлогласени“ се BMW X1 и X3, Tesla Model S и Mercedes E-Class.

Анализата се состоела од 17 параметри, од „грешки“ во мултимедијалниот и аудио системот до „тешки“ менувачи и грешки на моторот.

По обработката на неколку стотици илјади извештаи, имињата на јапонските брендови се појавиле како апсолутни победници.

Првите две места со само два поени разлика ги делат Lexus и нејговиот матичен бренд Toyota, додека третото место од подиумот е за mazda, кој има напредок од шест места во однос на минатата година.

Доминација на Ориентот ја дополнуваат Subaru, Kia и Infiniti, додека дури на седмото место е еден неазиски производител – Audi, три места пониско од минатата година.

Следат BMW и Mini, кој е во сопственост на Баварците, додека Топ 10 го комплетира јужнокорејскиот Hyundai.

Што се однесува до другите популарни брендови, Honda е на 15-место, Volkswagen на 16-то, Mercedes на 17-то, a на дното се Tesla, Cadilac и како најнесигурен на оваа листа е Volvo.

Во долната половина на листата се и Jeep и Chrysler од FCA групата, а поради недоволно податоци не се рангирани Fiat и Alfa Romeo, како и Jaguar, Land Rover и Mitsubishi.

Повеќе на следниот линк.