Кои автомобилски бои најмалку губат на вредност? Ако планирате да го продадете автомобилот, изберете – жолта!
Многу возачи избираат бои во сиви тонови не затоа што им се допаѓаат, туку затоа што претпоставуваат дека сите други ги сакаат.
Според анализата на iSeeCars.com, бојата за автомобилот може да помогне или да наштети на неговата вредност кога се препродава.
На голем примерок од 650.000 неодамна продадени користени автомобили стари три години, iSeeCars дошол до интересни податоци.
Автомобилска боја која најмалку губи на вредност е жолта! По неа следуваат портокалова, виолетова, црвена и зелена боја.
Аналитичарот на ISeeCars, Карл Брауер, вака ја коментира анализата:
„Жолтата е меѓу најмалку популарните бои на автомобили со најмал удел на возила и обично е боја за спортски автомобили кои и онака релативно добро ја задржуваат својата вредност. За нив луѓето се подготвени да платат повеќе“.
Што се однесува до најпопуларните бои, белата, црната, сивата и сребрената губат вредност со стапка блиску до просекот од 15 проценти.
„Многу возачи избираат бои во сиви тонови не затоа што им се допаѓа, туку затоа што претпоставуваат дека сите други ги сакаат. Ова се најчестите бои, ги има многу на пазарот, но изборот на овие бои нема многу да помогне или да и наштети на вредноста на препродажбата“, заклучува Брауер.
На примерок од 650.000 користени автомобили стари до три години, ова е листата на бои и губиток на вредност според неа:
- Жолта: – 4,5 %
- Портокалова: – 10,7 %
- Виолетова: – 13,9 %
- Црвена: – 14 %
- Зелена: – 14 %
- Сина: – 14,3 %
- Сива: – 14,3 %
- Сребро: – 14,8 %
- Бела: 15,5 %
- Црна: 16,1 %
- Златна: 16,7 %
- Кафена: 17,8 %