Кои автомобили се најчесто предмет на манипулација со поминатата километража?
Кај поевтините автомобили, шансата за измама со километражата е поголема
Не е тајна дека многу од понудените користени автомобили се со превртена километража. Студија на мрежниот сервис Droom покажува кои возила најчесто се подложени на оваа манипулација.
Студијата опфаќа проверки на реалната километража од 75.000 возила и покажува дека во најголем број случаеви километражата на манипулација била подложена два пати, во просек на 104. 000 километри. Откриено е дека колку е поевтин автомобилот, толку е поголема шансата да се манипулира со неговата километража. Сепак, голема е и можноста да добиете поскапо возило со превртена километража.
Главната причина за манипулација, се разбира, е желбата да се продаде возилото, затоа што километражата е еден од најважните критериуми при купувањето. Статистичките податоци покажуваат дека дури и ако возилото е на сериозна возраст и е во лоша техничка состојба, тоа е многу попривлечно за купувачите од понов автомобил со голема километража.
Креаторите на студијата даваат и специфични примери. BMW Серија 5 и Mercedes-Benz Е-класа, произведени во 2017 година, во моментов се продаваат во опсег од 35.000 до 50.000 евра, со километража помеѓу 20.000 и 75.000 километри. Ова покажува дека колку е помлада возраста и километражата, толку е поголема цената.
Во исто време, кај 73% од прегледаните автомобили во вредност до 5.000 евра на некои пазари, е откриено несовпаѓање на реалната километража и онаа на индикаторот. Покрај тоа, кај некои автомобили манипулацијата била извршена 2-3 пати, а просечните намалени километри за овој ценовен сегмент се 180.000.
Она што дозволува манипулација со километражата е фактот дека буџетските автомобили, за разлика од премиум моделите, не се опремени со скапи електронски уреди кои ја снимаат километража секој ден и складираат информации во различни системи. Измамниците секако го користат ова.
За автомобили вредни помеѓу 5.000 и 10.000 евра, километражата е превртена во 62% од случаите. Во следниот ценовен сегмент – помеѓу 10.000 и 15.000 евра, откриена е измама кај 51% од автомобилите, а во овие две категории километражата е изманипулирана најмалку 2 пати – во просек 78.000 – 100.000 км.
Ова секако не значи дека купувачите на поскапи автомобили се сигурни. Во 40% од понудените автомобили со цена помеѓу 15.000 и 30.000 евра е регистрирана корекција на изминатата километража, а кај премиум моделите кои започнуваат од 30.000 евра, измама има во 30% од случаите.