Добро е возачите да го користат и сопствениот разум, препорачуваат од компанијата

Со секоја измината година, навигациските услуги на Google стануваат сè поквалитетни и покорисни, но сè уште има моменти, кога возачите треба да се потпрат и на сопствениот разум. Во тоа се увериле над 100-ина Американци, кои патувале со автомобилите кон интернационалниот аеродром во Денвер, Колорадо, и заглавиле во поле со кал.

Возачите сакале да ја избегнат огромната сообраќајна гужва и задржување на патот до аеродромот, а Google Maps ги пренасочил по спореден, полски и прашлив пат, кој малку по малку се претворат во калив. Независно од тоа, сите овие возачи продолжиле по него – првите, затоа што немжеле назад, а останатите – едноставно следејќи ги првите.

Конечно, целата колона останала заглавена и блокирана во средината на полето. Наместо 23-минути, како што кажувала апликацијата, нивното патување траеше се претворило во повеќе од три и пол часовно патешествие. Дел од патниците ги пропуштиле своите летови.

Од Google коментираат дека иако се трудат да дадат најдобри насоки, понекогаш може да се појават и непредвидени околности, како што се дождовите. 

„Препорачуваме сите возачи да се придржуваат до локалните закони, да внимаваат и да користат разум при возење“, вели портпаролот на компанијата.