Koenigsegg тврди дека има автомобил кој може да достигне повеќе од 500 km/h!
Koenigsegg би требало лесно да го собори актуелниот светски рекорд од 455,3 km/h на SCC Tuaturа
Koenigsegg Jesko е шведски хиперавтомобил кој го придвижува 5.0-литарски V8 битурбо мотор кој развива 1.600 КС, што пак теоретски на автомобилот му овозможува максимална брзина од 531 km/h, што би било нов светски рекорд за сериско возило.
Токму тоа и ќе се обидат да го остварат тест-возачите наскоро. Дури и да не успеат во (максималната) цел, Koenigsegg би требало лесно да го собори актуелниот светски рекорд од 455,3 km/h на SCC Tuaturа.
Koenigsegg Jesko доаѓа во две варијанти, Attack е направен за патеки и кривулести планински патишта, а Absolut е направен за што побрзо возење на рамни патеки. Attack е опремен со многу спојлери за да генерира максимален потисок (околу 1.400 килограми), додека Absolut се стреми кон поголема максимална брзина користејќи, меѓу другото, подолг заден дел и специјални бандажи за да го задржи отпорот на воздухот што е можно понизок. Од двете варијанти ќе бидат произведени вкупно 125 примероци.