Суперавтомобилот Jesco развива 482 km/h и чини 3 милиони долари

Основачот на компанијата за производство на суперавтомобили, Кристијан фон Кенигсег, на тековниот авто салон во Женева го претстави својот нов модел, Jesko, кој го именувал по својот татко. Автомобилот е замена за Agera RS, и теоретски го надминува Bugatti Chiron, не само по моќноста. туку и со максималната брзина од скоро 500 km/h.

Погонот на Koenigsegg Jesko е ревидиран 5.0-литарски V8 бензински мотор со 2 турбополначи. Моторот добил поголеми турбини и нов систем за вбризгување што овозможува 8.500 вртежи во минута. Двата турбополначи се поврзани со електрична турбина која обезбедува воздух. Ова ја отстранува турбо-дупката и ја подобрува реакцијата на педалот за гас.

Кога работи на бензин, моторот развива 1.280 КС, но кога се агрева со етанол (E85), моќта скока на 1.600 КС и 1500 Nm. Според компанијата Koenigsegg, максималната брзина на Jesco е поставена на 482 km/h. За споредба, кај Bugatti Chiron, ограничувачот се активира на 420 km/h.

Менувачот на суперавтомобилот исто така е доста комплициран. Истиот е креиран од Koenigsegg 9-степен робот со име „Light Speed ​​Transmission“. Кристијан фон Кенигсег тврди дека кутијата ги менува брзините со „брзина на светлина“ и со сите елементи во неа тежи само 90 кг.

Во основата на суперавтомобилот е јаглероден монокок кој е 40 mm подолг и 22 mm повисок од Agera RS за да има повеќе простор во салонот. Тркалата се од карбон и се најлесни во историјата на брендот. Предните се 20 инчни и тежат 5,9 килограми, додека задните се 21-инчни со тежина од 7,7 килограми. Благодарение на огромниот сплитер и уште поголемото задно крило, Jesko развива околу 800 килограми потисна сила при 248 km/h, 1.000 килограми при0 273 km/h и 1.400 килограми при максимална брзина.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1zMxwqfuuOEQyYxjU3mW0Xq0eVhoJqVFd” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Koenigsegg Jesko ќе биде произведен во 125 единици со обем на годишно производство од 40 возила. Цената на моделот започнува од 3 милиони долари.