Koenigsegg и официјално го промовираше моделот кој требаше да биде една од ѕвездите на откажаниот авто салон во Женева

Новитетот го носи името Gemerа кој воедно е првиот хиперспортски автомобил со четири места за патници до кои се доаѓа секако преку врати кои се исправуваат нагоре. Plug-in хибридниот погон испорачува 1.700 КС и 3.500 Nm, а составен е од 2.0-литарски 3-цилиндерски twin turbo SUS агрегат со 600 КС и 600 Nm и 3 електромотори со вкупно 1.100 КС. Доволно, како што велат од производителот за неверојатни 1,9 секунди до 100 km/h.

За моќниот звук на 3-трицилиндерскиот агрегат се грижи титаниумскиот издув на Акрапович, а само на струја, автомобилот може да измине до 50 km.

Основачот на брендот автомобилот го објаснува како Mega GT тип на автомобил, во суштина нешто ново што досега не е видено.

„Gemera е нова категорија на возила, кога комбинирате мега-автомобил со пространа кабина и грижа за животната средина“, вели Кристијан фон Кенигсег. Тој додава дека целта била да се создаде автомобил кој може да биде семејно возило и секој од патниците да има кралски третман.

Koenigsegg Gemera е опремен со тризонска климатизација, четири светла за читање, WiFi интернет врска, два екрани за контрола на инфо-забавниот систем – еден напред и еден во задниот дел, потоа простор за безжично полнење на телефоните на сите патници, како и аудио систем со 11 звучници.

Освен што веројатно е најбрзиот автомобил со четири седишта во светот, а веројатно како ниеден друг автомобил има многу оддели за шишиња. Кога ќе се управува со толку моќен автомобил од 1.700 КС, устата веројатно брзо се суши, нели?

Koenigsegg планира да произведе дури 300 примероци по цена од околу 1 милион долари секој.