Во суштина, ова не е изненадување

 

Скоро со сигурност може да се каже дека Ford Mustang моментално ужива во најдобрите времиња во целата своја историја. Со учество од 15,1 процент на глобалниот пазар на купе модели, легендарниот модел е најпродаван спортски автомобил во светот втора година по ред, односно бестселер во сегментот на спортски купеа шеста година по ред. Ford дури размислувал да испрати една копија на Антарктикот и да основа фан-клуб на најјужниот континент на планетата. Сепак, за сега тоа е само тема за дискусија.

Па, дали воопшто има причина поради која Mustang би требало да биде загрижен? Интересно, сегашната генерација на S550 привлекува постари клиенти, а овој тренд генерално егзистира во последните 10 години. Генерално, просечниот купувач на спортски автомобили старее, а во Ford се целосно свесни за тој факт, што не мора да е загрижувачки.

„Во„ демографска “смисла, да, тие стареат“, вели Џим Овенс, менаџер за маркетинг на Ford Mustang. „Сепак, ова повеќе се однесува на видот на личноста, типот на карактерот што го купува Mustang, a тоа не зависи од возраста“.

Во Ford веруваaт дека Mustang претставува „животна фаза“. Се разбира, помладите луѓе исто така се заинтересирани за спортски автомобили, но оние кои го започнуваат својот работен век ги ценат работите поинаку, главно низ призмата на практичност и достапност. Додека Mustang со Eco-Boost погон не чини многу, V8 моделите се оние предизвикуваат ентузијазами и возбуда, а основниот Mustang GT има почетна цена од 36.120 долари.

„Mustang е возило кое припаѓа на една фаза од животот… Постои период од животот кога Mustang едноставно не е доволно практичен за вас“, додава Овенс. „Сега Мach-Е може да го промени тоа, бидејќи тој е повеќе од „животна фаза“. Тој ви обезбедува сè што ви треба во животот, а потоа подоцна се враќате на Mustang“.