Голем број производители одлучија да престанат да работат во нивните руски погони, а повеќето престанаа да извезуваат на рускиот пазар. Кинезите би можеле да профитираат од тоа

Кинеската автомобилска индустрија не трпи поради актуелната геополитичка ситуација. Кина сè уште нема воведено санкции против Русија, што во крајна линија значи дека трговијата меѓу двете земји може да продолжи без никакви назадувања. Ова е важно за кинеската автомобилска индустрија. Минатата година кинеските компании извезле 122.800 автомобили во Русија, три пати повеќе од претходната година.

Во силната експанзија на кинеските производители, Chery забележал најзначаен пораст. Минатата година продал 40.874 автомобили, што е зголемување од неверојатни 250% во споредба со 2020 година. На второ место е Haval со 39.126 примероци, а само на трето место е Geely со 24.587 примероци.

Од Geely за Auto News велат дека во основа престанале да работат во Русија без никакво објаснување, а другите автомобилски компании сè уште не коментираат. Се проценува дека кинеските производители ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација, со што се согласуваат многу аналитичари. Меѓу нив е Јунис Ли од Бернштајн, која вели дека западните санкции против Русија ќе им помогнат на Кинезите да го зголемат уделот на пазарот на автомобили.

„Во случај кога санкциите на САД и ЕУ против Русија траат и на американските и европските производители им биде забрането да работат во Русија, постои голем потенцијал кинеските производители да го зголемат својот удел на рускиот пазар“, вели Ли.