Токму во време кога овој модел пристигнува во салоните на Kia ширум Европа, жирито од 20 автомобилски новинари го избра овој сосема нов електричен кросовер за „Германски премиум автомобил на годината (German Car of the Year – GCOTY)“ во категоријата премиум автомобили

Иновативниот кросовер EV6 е пред конкуренцијата, вклучувајќи ги Hyundai Ioniq 5, Volkswagen ID.4, Audi Q4 e-tron, Škoda Enyaq и Mercedes-Benz C-Class.

Жирито од 20 автомобилски новинари ги оценувало новите модели во неколку категории. Три главни категории и тоа „компактни“ за возила со цена пониска од 25.000 евра, „премиум“ за возила со цена до 50.000 евра и „луксузни“ за возила поскапи од 50.000 евра. Изборот уште еднаш вклучува дополнителна категорија „нова енергија“ за возила што се напојуваат со батерии или водород. Kia EV6 е на второ место во оваа категорија, додека првото место е за Hyundai Ioniq 5.

Во компактниот сегмент најдобар е Peugeot 308, додека Kia EV6 е прогласен за најдобар премиум. Германските бои ги бранат Audi E-Tron GT во класата на луксузни возила и Porsche 911 GT3 како најдобар спортски новитет.

EV6 е првото наменско батериско електрично возило (BEV) на Kia изградено на целосно новата електрична глобална модуларна платформа (E-GMP) која овозможува опсег до 528 km во зависност од моторот. Достапни се две батерии; послабата, од 58,0 kWh е достапна со електричен мотор од 170 КС и погон на задните тркала, додека верзијата AWD со два мотори нуди 173 kW (235 КС). Батеријата од 77,4 kWh е достапна со мотор од 168 kW (229 КС) и погон на задните тркала, додека верзијата AWD со два мотори нуди 239 kW (325 КС). Верзијата GT од 430 kW (585 КС) со AWD погон пристигнува кон крајот на 2022 година.