„Да се изгубат нервите“ на пат не е многу добра идеја

„Овој Accord за малку ќе ме удреше од страна, а потоа реши да го „нападне“ „Рапторот“ и за малку ќе удреше во него. Претпоставувам дека тоа го налутило возачот на Raptor и тогаш сè започнува…“, гласи описот на видеото објавено на YouTube.

Може да се забележат две возила како се борат за позиција на левата страна на автопат, а возачот на F-150 изгледа намерно му застанува на патот на Accord-от и не му дозволува да оди напред. Веројатно тоа било „кликот“ за губење на нервите возачот на Accord-от. Додека возачот во Ford го блокира возачот во Accord-от, овој се одлучува на маневар на целосно заобиколување преку крајната десна лента околу уште едно друго возило… Но, ја губи контролата над автомобилот.

За среќа, лицето кое го објавило видеото вели дека според информацијата на полицијата, возачот на Accord-от е во добра здравствена состојба. Ова е пример за тоа како работите можат да тргнат наопаку при големи брзини на автопат.

Ова е исто така пример зошто не треба намерно да ги блокирате луѓето на пат, дури и ако тие се однесуваат, да речеме, насилнички. Иако главниот виновник овде е возачот на Accord, возачот Ford-от ја влошува ситуацијата со намерно блокирање и доведување во опасност на другите учесници во сообраќајот, како што е возачот на Honda CR-V во десната лента.