Претставниците на Karma Automotive потврдуваат дека доаѓаат на авто салонот во Женева на почетокот од следниот месец

Karma е со седиште во Калифорнија и за прв пат своите електрични модели ќе ги изложи на европско тло.

Секако, Karma не доаѓа во Женева за да им покаже на Европејците со што располага, туку сето тоа е план за глобално проширување на нивната компанија. Тие моментално имаат свои центри на 29 места во светот, надвор од Франција, Шведска, Шпанија или Холандија.

Саемот за автомобили во Женева е еден од најпрестижните настани во светот на автомобилите и Karma ќе ја искористи можноста да ги покаже своите луксузни модели.

„Karma е единствениот производител на автомобили кој се што прави е во сопствена продукција. Имаме луѓе за дизајн, инженеринг, маркетинг, дури и луѓе што прават сè заедно, сите во Јужна Калифорнија“, наведува Karma.

Моделот Revero има 525 КС и се напојува со два електрични мотори.