Кампер за велосипеди: Симпатичен изглед, релативно ценовно достапен, но и физички напорен одмор! / ФОТО
Сосема логично, овој вид на кампер е создаден во Данска, која е рамна како фудбалско игралиште
Удобен брачен кревет и простор на преклопување за 4 возрасни лица за да вечераат, да се релаксираат и да кампуваат со стил. Ќе се сложите дека изгледа навистина симпатично… Но, за да кампувате во овој дански Wide Path кампер ќе треба и малку да се помачите. Имено, ова е еден од камперите за велосипеди, тежи околу 80 килограми, долг е метар и половина (пред да се растегне) и е доста висок, па ќе го почувствувате секој налет на ветер.
Логично, овој вид кампер е создаден во Данска, која е рамна како фудбалско игралиште. Тешко е да се замисли велосипедисти да го влечат на планински премини. Изгледа интересно за сопствениците на електрични велосипеди, но и кај тие модели батериите брзо ќе се потрошат.
Задниот дел на камперот се преклопува преку предниот за полесно поставување. Ова може да се направи за само 3 минути. На официјалната веб-страница пишува дека внатрешноста на камперот нуди простор за седење со маса која може да се претвори во кревет за две лица кои навистина се сакаат. Креветот е долг 200 cm, но широк само 90 cm, така што навистина мора да се сакате или да сте во раните фази на врската кога љубовта ви дава дополнителна сила да ја движите оваа „кутија на тркала“. Цена? Околу 4700 евра! Не е малку, но не е многу ако сакате да се пофалите дека одите на одмор со кампер! Никој не мора да види дека немате дизел монструм од 70.000 евра, туку нешто што го придвижуваат мускули.