Возењето на снег за многумина е многу стресна и напорна работа, особено ако сте возач на камион

Понекогаш камионите заглавуваат на планински пат покриен со снег. Додека се чека службата за помош и влечење, може да се создаде километарски сообраќаен метеж, што е фрустрирачко за другите учесници во сообраќајот, но и за самиот возач, кој брка рокови.

Понекогаш има и друго решение…Nissan GT-R со неговиот 3.8 V6 кој зависно од изведбата сериски дава до 608 КС и 652 Nm.

Иако видеото изгледа прилично промотивно, можеби и режирано, оваа сцена каде Nissan со „рикање“ од неговиот V6 извлекува камион од снегот навистина изгледа импресивно.