Како Yugo стана дел од американската култура / ВИДЕО
На еден или на друг начин, некогашното Yugo од Крагуевац, дефинитивно остави свој белег во Америка, а многумина сè уште го паметат и денес
Поделените мислења за проектот Yugo сеуште се важечки, но фактите покажуваат дека станува збор за најевтиниот нов автомобил на американскиот пазар, како и дека станува збор за еден од најголемите извозни производи на поранешната држава Југославија. Иако не се нуди на пазарот во САД со децении, Yugo сеуште има бројни обожаватели во Америка.
Yugo е запаметен и како основа за уметнички креации. Поточно – 19 од нив, кои се создадени на иницијатива на професор Кевин О’Калаган од Школата за визуелни уметности во Менхетен, кој им дал на студентите задача од југословенскиот автомобил да направат изложбена верзија, уметничка креација која не е автомобил. Купил 39 примероци од Yugo за само 3.600 американски долари и им ги дал на студентите да ги користат како „празно платно“.
Автомобилите биле изложени во конгресниот центар на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, каде што предизвикале голем интерес.
MotorWeek нè враќа во минатото и се сеќава на овие интересни креации.