Ако ги послушате овие совети, може да заштедите многу пари кои ќе ги потрошите подоцна на поправки

На пазарот за користени автомобили има огромен избор за секого. Сепак, купувањето возило бара сериозен пристап. Дури и ако планирате да купите сигурен автомобил, никој не може да гарантира дека неговиот претходен сопственик за него се грижел на соодветен начин.

Затоа е многу важно пред да склучите договор, внимателно да ги проверите сите главни системи и единици – мотор, менувач, електричен систем… Конечно, мора да направите и тест возење, по што обично се донесува одлука за набавка на автомобилот.

Во денешно време, секој дилер кој има репутација и сака да ја одржи на своите клиенти им нуди тест возење. Истото важи и за дилерите на користени автомобили. Ако некој го одбие тоа или започне да одлага и избегнува, потенцијалниот купувач треба да биде внимателен. Уште подобро, најдобро е да се откаже од зделката.

Ако немате одредени навики и знаење, добро е да пронајдете асистент кој се разбира автомобили. Ако немате такво лице – пријател или роднина, можете дури и да ангажирате специјалист од сериозна служба. Да, ќе потрошите пари, но ќе заштедите на можни поправки во иднина.

Многу луѓе мислат дека за време на тест возењето е доволно да се даде гас, да се провери аудио системот и климатизацијата… и по неколку километри, да се ракувате со продавачот. Многу е веројатно дека по само неколку недели, ќе започнат да се појавуваат разни проблеми. Затоа, овој пристап не е сериозен и тешко може да се дефинира како вистинско тест возење.

Избор на приоритети

На пазарот за користени автомобили е многу тешко да се најде совршен примерок по привлечна цена. Сепак, понекогаш и тоа се случува, но како прво треба да ги одредите вашите главни приоритети, односно она што ви е најважно – мала километража, ниска цена, добра техничка состојба на возилотоили сето тоа заедно.

Визуелна инспекција

Во оваа фаза треба да ја проверите состојбата на автомобилот – внатрешност, каросерија, шасија, простор под хаубата. Ако покрај моторот мириса на запалено, мора да бидете претпазливи. Задолжително проверете го нивото на моторното масло. Ако на површината има црна „кора“, тоа значи дека не е променето подолго време.

Погледнете што излегува од ауспухот

За време на тест возењето, внимавајте на чадот што излегува од ауспухот. Црн или сив чад кога менувате брзини или притискате на педалот за гас посочува дека нешто не е како што треба.

Внимателно прегледајте ги гумите

Во следната фаза, тркалата или поточно гумите на автомобилот мора внимателно да се прегледаат. Тие не смеат да имаат нерамномерно абење. Ако забележите такво нешто, тоа значи дека на проблем со некои делови од суспензијата и управувачкиот систем.

Проверете го лакот и бојата

Важно е да се провери состојбата на лакот и бојата на каросеријата на автомобилот за да бидете сигурни дека автомобилот не учествувал во сообраќајна несреќа. Можете да користите и обичен магнет – ако некаде има дебел слој на кит под бојата, магнетот нема да се залепи.

Потпрете се на сопствените чувства

Ако има бучава во кабината или ви е неудобно во седиштето, спокојно разгледајте други опции. Проверете како работат сопирачките при притискање на педалот за сопирање, нагло и полека. Ако е можно, проверете ги сите системи користејќи компјутерска дијагностика.

Завртете го воланот лево-десно

Додека возите, нежно свртете го воланот 15 степени надесно, а потоа 15 степени во лево. Дури и при големи брзини, автомобилот не треба занесува. Ако сепак се случи тоа, тоагш гумите се потрошени. А тоа секако е проблем.