Како правилно да се менуваат брзините – дали може или не да се прескокнуваат степени на менувачот? / ВИДЕО
Нема сомнеж дека возењето за некого е вистинска уметност, а за некого нужно зло. Еден од најчестите „проблеми“ кој се појавува веќе во автошколите е правилниот начин на користење на куплунгот, односно правилниот начин на менување на брзините или степенот на пренос. Што е дозволено, а што не треба да се прави со овој чувствителен дел од автомобилот?
Иако теоријата и практиката кога станува збор за возењето често се нешто сосема спротивно, а повеќето возачи развиваат некои не толку добри навики од кои на еден или друг начин страда нивниот лимен миленик, понекогаш е добро да се повтори материјалот.
Првата и најважна лекција кога младите возачи седнуваат во автомобил е менувањето брзини и правилно користење на куплунгот. Освен што начинот на кој возачот ги менува брзините влијае на потрошувачката, ефикасното искористување на моќноста на моторот и уште неколку важни работи, незгодните промени на степенот на пренос влијаат и на удобноста при возењето. Сето ова, сепак, важи само за автомобилите со мануелен менувач, додека приказната со автоматиката е нешто поинаква.
Во видеото подолу, познатиот стручњак, Џејсон Фенске, објаснува зошто е лошо да се менуваат брзините на начин како што тоа го прават некои возачи. Иако оваа тема е добро позната на секој автомобилски ентузијаст, вреди да се повтори материјалот. Една од работите нагласени во видеото е опасноста од големи дефекти кои може да настанат со прескокнување на две или повеќе брзини при одредени услови на возење.
Секако, целата приказна треба да се стави во контекст на автомобилот што се вози, бидејќи технологијата на менувачот многу се разликува од автомобил до автомобил или од марката на истиот.