Како обичниот да не е доволно голем: овој Hummer H1 „Rainbow Sheikh“ е три пати поголем од оригиналот / ФОТО+ВИДЕО
„Мал е“ сигурно не е нешто што нормален човек би рекол за Н1, особено ако го гледате како зазема речиси две ленти на нормална улица
Арнолд Шварценегер го привлече вниманието на новинарите во времето додека возеше воено Humvee, предизвикувајќи лудило за патните хамери кои клиентите ги сакаа. Сепак, дури и „Терминатор“, би бил воодушевен од најновата креација Rainbow Sheikh или Sheikh Hamad bin Hamdan Al Nahyan од Обединетите Арапски Емирати, преголемиот Hummer H1 наречен „X3“.
„Мал е“ сигурно не е нешто што нормален човек би рекол за Н1, особено ако го гледате како зазема речиси две ленти на нормална улица, но Rainbow Sheikh не е нормален човек. Со нето вредност од приближно 20 милијарди долари и четири одделни музеи за автомобили во ОАЕ, Нахајан има афинитет да прави големи верзии на возилата што ги поседува. Некои од другите возила на шеикот вклучуваат масивен Jeep, огромниот Power Wagon и се разбира, овој Hummer H1.
Креацијата е висока 6,6 метри, долга 14 метри и широка 5,8 метри. Hummer H1 „X3“ целосно го оправдува своето име, бидејќи е три пати поголем од стандардниот Hummer H1. Тој е целосно во возна состојба благодарение на дизел моторите на секое тркало, што значи дека користи и погон на сите тркала.
Внатрешноста на H1 „X3“ не е сосема совршено пресликана како надворешноста, но вклучува некои погодности како тоалет и мијалник. Џиновскиот Power Wagon на Нахајан од 1950-тите е изграден како хотел со спални внатре, па можно е тој да планира да го стори истото и со овој Hummer.
Шеикот поседува и околу 3.000 други возила, кои обично се украсени со виножитo, а се чуваат во џиновска пирамида среде пустина. Овој Hummer моментално е изложен во Историскиот музеј за теренски возила во Ал Мадам, ОАЕ.